1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе се гради нов „Иса Беи“ центар среде Берлин!

Албанците од Македонија и од другите простори на поранешна Југославија купија место за градба на нов „Иса беи“-центар каде освен за религиозните обреди ќе има простор и за учење на верата и чување на традицијата.

default

Имамот Ремзи Џафери

„Иса беи“ се вика центарот каде албанските муслимани од Македонија и од просторите на екс Југославија кои живеат во Берлин ги практикуваат своите религиозни обреди. Ова не е џамија, туку сала од околу 200 квадратни метри која, како што вели имамот Ремзи Џафери, во саботите и за празниците е преполна со млади и стари! Основач на центарот бил Реиз Сулејман Реџепи, актуелен поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Имамот Џафери е во престолнината од 2004-тата. Вели дека кога дошол затекнал организиран „џемад“ во „Албанско-исламски културен центар Берлин“. Ова е само еден од 12-те центри во кои се активни Албанците од Македонија и кои фигурираат на списокот на амбасадата во Берлин. Најстариот и најорганизираниот центар е во Хамбург. Првиот човек Зулхајрат Фејзулаху, инаку и претседател на Унијата на исламските албански културни центри во Германија, за Дојче веле кажува дека системот на работа во сите центри е ист. Тоа се места каде се вршат религиозните обреди, но и каде има верска настава, активности за жените, младината и децата.

„Џамиите, меѓутоа, не се организирани секаде на исто ниво. Главно, објектите се изнајмени. Но, некои се купени, како на пример во Диселдорф, Леверкузен, Лудвигсхафен, Минхен. Иницијатива за купување има и во Берлин“, дополнува Фејзулаху.

Интерес за нов центар

Берлинскиот имам Ремзи Џафери, пак, објаснува дека во Берлин интересирањето е големо. Околу 400 луѓе се активни и плаќаат членарина. Со овие пари се покриваат тековните трошоци. Поради потребата од поатрактивен простор, покрената е иницијатива за изградба на сопствен објект. Само пред неколку недели е склучен договорот за купување местото во близина на „Херманштрасе“ (Нојкелн) каде ќе се гради повеќенаменски објект.

Flash-Galerie Ramadan in Deutschland Moschee Merkez Camii in Berlin

Исламските центри се главно религиозни објекти

„Тоа ќе биде центар со, како што велат Германците, сала за молитви. Ќе има и мала сала за жените. Плус и дел за децата: да учат за верата, но и за нашата култура и традиција. За да биде поинтересно за младите планираме да има и дел со компјутери. Ова ќе биде еден комплетен културен центар“, подвлекува имамот Џафери, според кого сигурно ќе минат најмалку пет години додека се обезбедат потребните средства и објектот комплетно се изгради.

Главно религиозна работа!

Сејди Демири, министер-советник во македонската амбасада во Берлин вели дека од неговото досегашно искуство, работата во центрите главно има религиозен карактер. Малку се прави луѓето да се во тек со актуелните политички случувања во татковината. Инаку, соработката со Исламската верска заедница од Македонија е континуирана и, како што вели Ремзи Џафери,

Albanische Gemeinde in Berlin

Многу девојчиња по потекло од Македонија во Берлин го учат арапското писо

назначувањето на имамите оди преку Скопје. Во центарот од Хамбург, покрај џамиите функционира и настава по религија и по албански јазик, иако Фејзулаху се жали дека моментно и покрај интересирањето - нема учител.

„Имаме добри односи и со црквите во Хамбург. Со нив имаме и интер-религиозен дијалог. Редовно контактираме и Исламскиот албански културен центар е познат во Хамбург. Што се однесува до структурите во Македонија, немаме некои посебни односи“, дополнува за Дојче веле Зулхајрат Фејзулаху. Имамот Ремзи Џафери, пак, има амбиции, еден ден исто толку познат во престолнината да биде и центарот што тој го води ...

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска