1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ќе поевтинат СМС пораките

Испраќањето СМС пораки во странство, односно во другите земји од Европа, кои не се членки на унијата, за граѓаните на ЕУ ќе стане значително поевтино

default

Еврокомесарката Меглена Кунева

Точно на почетокот на летните распусти, наредната година, таксата за една СМС порака ќе биде ограничена на максимум 11 центи, најави Еврокомесарката за медиуми и Телеком, Вивиане Рединг. Кон овој износ се додава уште данокот на додадена вредност од 19%. Во моментов, корисниците на мобилни телефони плаќаат во просек по 29 центи за порака во земји кои не се дел од ЕУ. Еврокомесарката за заштита на потрошувачите, Меглена Кунева, во Брисел изјави:

„Досега ЕУ беше многу концентрирана на тоа да ги подобри условите на пазарот за бизнисмените. Сметам дека сега сме во фаза во која треба да преиспитаме темелно што овој пазар им нуди на европските потрошувачи. Толку едноставно како што бизнисмените, во меѓувреме, ги продаваат своите производи во цела Европа, треба и потрошувачите да можат да купуваат - под еднакви услови и при еднакво почитување на нивните потрошувачки права. “

До 1 јули 2012 година треба да биде одредена и ценовната граница за разговор преку мобилен телефон од ЕУ во странство и обратно. Дотогаш највисоката цена ќе изнесува максимум до 34 центи за минута разговор. Истовремено ќе треба да се корегира и почетокот на пресметувањето на должината на телефонскиот разговор од сегашните 60, на 30 секунди.

Планови за поголемо намалување на цените за роаминг

Еврокомесарот Рединг сака во иднина мобилните разговори од ЕУ во странство и обратно, да бидат намалени на 10 секунди за минута и тарифирање по секунда разговор. Во моментов цената на една минута роаминг разговор во ЕУ изнесува 46 центи со вклучен данок на додадена вредност. За разговор во рамки на Германија, цената за минута изнесува максимални 22 центи.

Предложените измени на цените треба да добијат зелено светло од Европскиот Парламент и мнозинството влади на земјите членки на ЕУ.