1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе падне ли наскоро Триполи?

Во повеќе населби во главниот град на Либија илјадници луѓе демонстрираат против властодржецот Моамер ел Гадафи. Бунтовниците пак соопштија дека започнале операција за освојување на градот и изолирање на Гадафи.

default

Урнатините во Триполи

Повикувајќи се на изјави на жители на Триполи и на портпарол на бунтовниците, светските новински агенции јавуваат дека во главниот либиски град, повеќе илјади луѓе излегле на улиците да протестираат против властодржецот Моамер ел Гадафи и покрај опасноста од снајперисти на крововите.

Уште во саботата припадници на „скриените ќелии“ на востаниците во Триполи ги започнале првите напади од т.н „Операција сирена“ чија цел е да се изолира полковникот Моамер Гадафи во главниот град додека не замине од власта или до целосна капитулација, изјави портпаролот на либиските востаници Ахмед Џибрил.

Bürgerkrieg in Lybien

Бунтовниците ги слават успесите

„’Операцијата сирена’ е покрената во саботата навечер во главниот град на Либија, а ја води Националниот преоден совет а соработува и НАТО“, рече
Џибрил за Франс прес.

Во меѓувреме Ројтерс јави дека либиските бунтовници од изутрината ги
контролираат помалите делови на Триполи, што би можело да биде најава за конечната битка со Гадафи.

Агенцијата Асошиетед прес пак јави дека главнината од борбените сили на бунтовниците се наоѓаат на околу 35 километри од градот.
Џибрил рече дека, според проценките, на востаниците ќе им требаат неколку
дена за да го опколат Гадафи и дека на него му предвидуваат две сценарија:
да се предаде или да избега од градот „за да се засолни во странство или во
некој друг град во земјата“. „Во случај да изрази желба да ја напушти Либија, позитивно ќе одговориме на тој предлог“, додаде Џибрил.


Гадафи е пркосен и најави дека ќе се бори до крај, пренесе Ројтерс.
Агенцијата додава дека падот на Гадафи е далеку од сигурен, бидејќи бунтот се
уште не раширен низ Триполи, а најлојалните сили на Гадафи не се победуваат
лесно. Каде точно Гадафи се наоѓа во моментов, не е познато. Британските власти
шпекулираат дека тој заминал за Венецуела.

Автор: СН/ АТ/ ртр/ афп/ ап/ мф

Редактор: Александра Трајковска