1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе му помогне ли на Ел Масри изјавата на бившиот владин функционер?

Во Европскиот суд за човекови права денеска се оддржа јавната судска расправа за случајот во кој германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри ја тужи Македонија пред судот во Стразбур.

Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20. јули 2009 година, во која се жали дека бил прекршен членот 3. од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување. Ова, како што тврди Ел Масри, поради малтретирање и нечовечки и недостоен третман во хотел во кој бил задржан во Скопје, како и при трансфер до аеродромот од екипите на ЦИА. Според Ел Масри, Македонија го прекршила и членот 5. (правото на слобода и сигурност), членот 8. (право на приватен и семеен живот), како и членот 13. (право на правично судење), бидејќи македонските власти не спровеле „соодветна истрага“ за кредибилните сомневања. На крајот тој мисли дека Македонија го прекршила и членот 10. (слобода на изразување), бидејќи не бил информиран, дали бил изложен на тајната програма за трансфер на лица на американските тајни служби.

Ел Масри ја смета Македонија како директна одговорна за времето кое тој го помина лишен од слобода во периодот од 31. декември 2003 до 28. мај 2004 година, односно од неговото апсење при влезот во Македонија, трансферот и престојот во Авганистан и ослбодувањето во Албанија. Во тој поглед, тој и неговите адвокати ја сметаат Македонија одговорна за неговото апсење без налог, дека не бил изведен пред суд, и дека противправно бил држен затворен.

Македонија тврди дека тужбата на Ел Масри е неоснована

Во првиот дел од расправата, своите аргументи ги претстави агентот на македонската влада Костадин Богданов, кој смета дека тужбата на Ел Масри против Македонија пред судот во Стразбур е неоснована и дека тој не ги искористил сите внатрешни судски постапки во Македонија. Македонските власти во однос на самите факти и самиот случај остануваат на нивните позиции од 2006 година, што е потврдено со докази.

„Сметаме дека нема повреда на правото и членовите на конвеницијата на кои се повикува Калед ел Масри во својата жалба. Односно таа е недопуштена според членот 35., од конвенцијата“, (членот 35. на Европската конвенција за човекови права се однесува на искористување на сите домашни правни лекови, н.з.) изјави за Дојче веле владиниот агент Костадин Богданов веднаш по расправата. Тој се надева дека Судот ќе донесе пресуда во корист на Македонија.

Македонија презеде обврски кои мора да ги почитува

Позиција која ја отфрлија претставниците на Калед ел Масри, адвокатите Џемс Голдсон и Дариан Павли, потпомогани од македонскиот адвокат Филип Медарски. Тие сметаат дека македонските власти постапиле противправно и со тоа придонеле за непочитување на обврските кои Македонија ги презеде со членството во Советот на Европа. Потоа, дека тие не спровеле соодветна истрага за овај случај и со тоа Ел Масри не можел да добие правен лек во Македонија.

„Сметам дека сите аргументи кои беа битни за жалителот, беа истакнати од неговиот тим, исто така од страна на владата беа истакнати оние аргументи кои се битни за нивната позиција. Така сега чекаме да видиме што судот ќе одлучи“, изјави адвокатот Филип Медарски, веднаш по завршувањето на расправата. Тој е на мислење дека изјавата на високиот македонски владин функционер, чиј идентитет не се открива во Стразбур, ќе биде земено во предвид од Судот.

Сведокот - поранешен висок владин функционер останува анонимен

Високиот македонски владин функционер, инаку сведок на страната на Ел Масри, не беше присутен во Стразбур, се зборуваше само за неговата писмена изјава.

Македонската страна побара да биде изземена изјавата на овој сведок, за кој се вели дека е висок државен функционер, без притоа да се даде неговиот идентитет.

Тоа беше и едно од прашањата поставени од судиите, како тоа на Нина Вајиќ, која праша дали една таква изјава може да биде земена во предвид од Судот во Стразбур и зошто истата не им била доставена на македонските власти.

Како што дознаваме од добро информирани извори при Судот, лично претседателот на судот Никола Браца, побарал да не се открива идентитетот на сведокот, за лицето не биде изложено на медиумски притисоци.

Седумнасетте судии веднаш по судската расправа се повлекоа, нивната одлука ќе биде позната за неколку седмици или пак месеци.

За случајот Ел Масри, Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент.