1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе и’ дадат ли Меркел и Оланд повеќе време на Грција?

Франција и Германија ја усогласуваат пораката што треба да му се соопшти на грчкиот премиер Андонис Самарас. Грција бара повеќе време, а дали ќе го добие зависи од тоа што досега го сработила.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска (23.08) попладне доаѓа на разговори со канцеларката Ангела Меркел во Берлин. Лидерите на двете најголеми нации во еврозоната повторно ќе разговараат за тоа како да се справат со економската криза.

Пред канцеларката Меркел в петок (24.08) треба да се појави и грчкиот премиер Андонис Самарас, а во сабота и пред Оланд, со барање за поголема слобода во решавањето на проблемите со јавните финансии на официјална Атина. Дел од агенциите јавуваат дека Самарас може да го слушне тоа што го бара – повеќе време за исполнување на обврските, а заедничката порака од Германија и Франција треба да се договори на денешниот состанок во Берлин меѓу Меркел и Оланд.

Сепак, висок функционер во германската владина коалиција изјави дека има мали шанси за такво нешто, како и дека самата Меркел фрлила студена вода на загреаните барања од Атина со нејзината вчерашна изјава.

Griechenland Euro Staatsbankrott immer wahrscheinlicher Symbolbild

Не треба да се чека решение за судбината на Грција, порача Меркел

„Одам на овие разговори свесна дека треба да постигнеме секој партнер да се држи до своите обврски“, рече Меркел за време на нејзината вчерашна посета на Молдавија, додавајќи: „Не треба да се очекува решение за судбината на Грција на мојата средба со грчкиот премиер Андонис Самарас в петок“. Според Меркел, најпрво ќе се почека извештајот на т.н. Тројка, по што ќе се донесе одлука за кризата.

Јункер ги потврди зборовите на Меркел

Тоа вчера во Атина го потврди и претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер, кој рече дека евентуалното продолжување на рокот за исполнување на планот за буџетско штедење на Грција ќе зависи од извештајот на инспекторите од Тројката. Притоа Јункер искажа целосно несогласување со можноста за излегување на Грција од еврозоната.

Инспекторите од т.н. Тројка – Европска комисија, Меѓународен монетарен фонд и Европска централна банка, својот извештај за напредокот на Грција ќе го претстават во септември. Грчките власти сметаат дека земјата се движи кон

Junker und Samaras in Athen

Самарас и Јункер вчера во Атина (22.08)

стабилност. Таква изјава даде вчера премиерот Андонис Самарас по средбата со Жан-Клод Јункер.

Самарас рече дека во наредните неколку недели ќе се финализира пакетот на штедење во висина од 11,5 милијарди евра и побара продолжување на рокот до две години - наместо до 2014, Грција да ги спроведе болните резови до 2016-та година, со цел воспоставување на буџетска рамнотежа.

И Оланд да штеди

Ваквите барања ќе бидат само една од темите кои попладнево ќе се разгледуваат во Берлин. Се очекува канцеларката Меркел на состанокот со францускиот претседател Оланд дури и да побара од него да даде пример во еврозоната со примена на некои мерки за штедење.

Во меѓувреме, притисокот од Германија се враќа со притисок врз Германија. Земјата е се’ повеќе критикувана затоа што не се согласува Европската централна банка да може да интервенира на пазарите со државни обврзници и на тој начин да се намалат трошоците за позајмување на Италија и Шпанија.