1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе има ли примирје во Сирија пред Курбан Бајрам?

ЕУ денеска покрена нови санкции против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Меѓународниот медијатор Лахдар Брахими, пак, побара од иранските власти да помогнат во постигнувањето примирје во Сирија.

Кризата во Сирија „секој ден станува се’ полоша и итно е потребно да запре крвопролевањето“ - го нагласил ова Брахими за време на разговорите со властите во Техеран. Тој од нив побарал да помогнат да се постигне примирје во Сирија пред Курбан Бајрам, кој муслиманите низ целиот свет годинава го слават на 25 октомври. Дека ситуацијата во земјата се влошува потврдува и зголемениот број на белгаци. Во прифатните кампови во Турција нивниот број достигна 100.363. Ова се податоците објавени денеска од турската агенција за менаџирање на катастрофи, а по информациите на официјална Анкара дека би имала проблем да прифати повеќе бегалци.

Во исто време ЕУ воведе нови санкции против режимот во Дамаск, согласувајќи се да се замрзнат финансиските стредства и да се забрани патување за 28 Сиријци и две фирми. Одлуката ја донесоа министрите за надворешни работи на ЕУ. Ова е 19 рунда на санкции по почетокот на конфликтот во март минатата година, со што 181 лице и 54 компании беа ставени на црната листа на ЕУ.

Во меѓу време, Русија не ги потврди изјавите на меѓународните невладини организации, дека владината армија во Сирија користи касетни бомби од руско производство. „На Блискиот исток има многу нелегално оружје и често е тешко да се докаже од каде е тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Организацијата Хјуман рајтс воч соопшти дека има нови докази оти сириската војска во минатите денови користела касетни бомби. На сајтот на организацијата беа поставени 18 видео-клипови, испратени од сириски активисти, на кои се гледаат остатоци од касетни бомби во различни провинции.