Ќе има втори круг избори во Конго | Свет | DW | 21.08.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе има втори круг избори во Конго

Конго својот демократски избран претседател ќе го добие дири во вториот круг на гласање. Првичните резултати покажуваат дека актуелниот престедател Кабила и неговиот противник Бемба ќе се борат понатаму. Незадоволни од резултатот, нивните поддржувачи решија да се пресметаат со оружје.

Војници на ОН во Киншаса

Војници на ОН во Киншаса

Три недели беше миро. Но, на денот кога беа соопштени изборните резултати во Киншаса, главниот град на Конго се случија вооружени немири. Се судриле припадниците на гардата на претседателот Кабила и вооружени поддржувачи на неговиот противник Жан Пјер Бемба, при што имало и престрелки во кои најмалку едно лице е загинато. Во некои посиромашни делови од градот имало насилства и протести.

Но, за 280 припадници на Бундесверот во Киншаса кои се дел од европските сили во земјата, овие инциденти не биле доволна причина за да се вмешаат. Нивниот командант Петер Фус изјави дека трупите се во нивниот логор, дека ситуацијата е сериозна, но се уште нема причина за нивна интервенција.

И покрај нередите изборната комисија ги соопшти резултатите од гласањето од пред три недели. Ниту еден од кандидатите нема освоено мнозинство, па во вториот круг битката ќе ја бијат Кабила и Бемба. Актуелниот претседател Кабила освоил 45% од гласовите, а Бемба над 20%. Изборниот резултат јасно ја покажува поделеноста во земјата на источниот и западниот дел. Додека Кабила води на Истокот, Бебма победува во западниот дел и во главниот град Киншаса. Вториот круг е закажан за 29 октомври, но претставникот на ОН во Конго уште минатата недела изјави дека во земјата веќе се водат расправии околу можните министри во идната влада. Во меѓувреме и Кабила и Бемба се обидуваат да ја придобијат поддршката од останатите 30-ина канидати за претседателското место и оние кои гласале за нив.

Првите демократски и слободни избори во Конго треба да и донесат мир на земјата разорена од граѓански војни во кои загинаа над 4 милиони луѓе.