1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе застане ли Обама на страната на Македонија?

Во Македонија има доза на внимателност по победата на Обама, кој со себе носи 8 конгресмени со грчко потекло. Од Македонија стигнуваат и првите реакции на политичарите и експертите, по изборот на новиот претседател.

Barack Obama bei Vorwahl Ralley in Iowa

Дали Барак Обама ќе и` се насмевне на Македонија?

Пратениците се со поделени мислења. „Обама е човек што е праведен и сака да ги сослуша двете страни“ – вели Владимир Ѓорчев. И Алити смета дека нема да има промена на американската политика кон Македонија, и покрај промената на власта во Вашингтон.

Екс-министерот Бучковски, пак, е со спротивни ставови. Тој смета дека ќе има драстична промена на американската политика кон Балканот. Со него се сложува и Стево Пендаровски, советник за безбедност на претседателот. Според него, треба да се навикнаме на тоа дека интересите на американската надворешна политика ќе бидат далеку од балканскиот регион.

Македонската јавност ја загрижи и информацијата за наводниот неформален договор на Обама со некое грчко лоби. Универзитетскиот професор Јетон Шасивари смирува – не е потврдено постоењето на таков договор, а и да постоел, најверојатно бил поради предизборни интереси.

Од друга страна, американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, убедува дека САД и Македонија се стратешки партнери во спорот за името со Грција. „Моменталната американска администрација и` дава голема поддршка на Македонија и се надевам дека таа поддршка ќе продолжи и по изборот на Обама. Македонија е наш партнер и сојузник“ – изјави амбасадорот Рикер, а неговата и изјавите на македонските политичари и експерти можете да ги слушнете во извештајот на Александар Чомовски.