1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе „дојава“ ли „Воинот“ до извештајот на Еврокомисијата?

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Петер Соренсен без конкретен одговор дали поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ ќе се најде во годинешниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.

default

Евроамбасадорот Соренсен денеска одбегна да коментира дали неговото поставување на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе значи влошување на односите меѓу Македонија и Грција.

„ Во контекстот на ова прашање, најдобро што можам да сторам и ќе го сторам во моментов, е да речам дека ќе видиме што ќе се случи. Какво влијание ќе има тоа на извештајот, чекаме одговор, чекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.

Peter Sörensen EU Botschafter Mazedonien

Амбасадорот Петер Соренсен

Јасно е дека работиме на извештајот, но тој излегува дури во октомври. Добрососедските односи се меѓу двајца соседи и треба да видиме како ќе се развиваат работите. Како и претходно, имавме коментари по ова прашање и би се изненадил ако нема коментари за ова и во наредниот период, но моментално не можеме да оцениме што ќе се случи. Ќе треба да почекаме“, рече Соренсен.

Кацин: „Трн во око за Грција“

Поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска (17.06) го коментираше и словенечкиот европратеник Јелко Кацин. Според него, тој претставува свесна провокација која оди на штета на европската интеграција на земјата.

За Кацин е спорно и што споменикот се поставува во време кога Грција се наоѓа во тешка економска и политичка ситуација.

Jelko Kacin

Европарламентарецот Јелко Кацин

„Поставувањето на споменикот на Александар Велики среде Скопје претставува 'прст во око' за соседна Грција, која во моментов се наоѓа во најтешките политички и економски искушенија во последните децении. Наместо одмерена, државотворна политика во добрососедски дух и испружена рака, Владата на Република Македонија отворено и свесно провоцира на штета на европската интеграција на ПЈРМ. Наместо да се овозможи Грција во очите на граѓаните на Македонија да добие статус на добар сосед и пријател, Груевски свесно ја претставува Грција како најголем и најдобар непријател на Македонија“, вели европратеникот Кацин во писмената изјава.

Автор: СН/ЕМФ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Поврзана содржина