1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе го добие ли Охрид својот капетан Немо?

Компанијата „Немо“ од Франкфурт на неколку хотели во Охрид им понуди мини пловни објекти, налик на подморници со кои туристите би можеле да се нурнат во Охридското Езеро. Скапа, но, атрактивна инвестиција.

default

Мини помдорница Немо

Капетан Немо создаден од писателот Жил Верн и сега е актуелен меѓу младите. Мини подморниците произведени во Германија го носат името на измислениот лик. Подморниците се реални и веќе подолго време се користат по езерата и реките низ Европа. Фирмата од Германија неодамна ги промовираше овие пловни објекти во Охрид, но засега само преку проспект.

Nemo 100 Mini Uboot

Со Немо во нови походи

„Се работи за два вида подморници за еден или двајца патници со кои може да се оди во длабочина од 50 до 100 метри. Пловниот објект е доста интересен, нуди многу големи можности за разгледување на целиот подводен свет,“ вели Анета Бар, генерален менаџер во хотелите Инкес Горица и додава: „Ваков објект досега немало на нашиве простори. Мислам дека е доста интересен и дека ќе биде привлечен за странските гости. Нуди големи можности за нови авантури и нов вид на откривање на Охридското Езеро.“

Скап но привлечен пловен објект за откривање на подводниот свет

Овие пловни објекти чинат меѓу 150.000 и 200.000 евра. Германците понудија и партнерски однос, но побараа мини подморниците да се користат по 6 месеци во годината за да бидат профитабилни открива Бар: „Германиците ќе дојдат идниот месец повторно, така ветија. Тогаш нам, на останатите хотели и институции ќе можат да ни презентираат поконкретни податоци.“

Милутин Секулоски меѓународен нуркачки инструктор од охридскиот Нуркачки центар „Амфора“ вели дека оваа идеја е скапа, ама со добра пропагнда може да биде и исплатлива: „Ако знаеме дека туристичката сезона во Охрид е куса. Ако го земеме предвид стандардот на гостите коишто летуваат за да можат да си го дозволат тоа задоволство, мислам дека има можност општо комерцијално да се работи и да се биде на позтивна нула. Но, во секој случај сепак тоа чини доста.“

Nemo 100 Mini Uboot

Со Немо на длабочина до 100 метри

Искуствата од странство велат дека мини пловниот објект дневно би требало по пет пати да биде употребуван за да биде рентабилен. Едно нурнување за едно лице би чинело околу 80 евра. Охриѓани и туристите сакаат да го видат подводниот свет и на овој начин, ама финансиите им се проблем. „Убаво е да се види дното на езерото. Зошто да не. Како жител на Охрид признавам цената би ми била превисока. Не ќе можам да ја платам, а би сакал да видам .“ „Тоа е многу убава идеја. Така народот ќе го види богатството коешто го имаме. Ќе сакаат и многу луѓе од надвор да го видат.“

Подводните убавини претстaвуваат предизвик

Искусниот нуркач Милути Секулоски открива дека Охридското Езеро крие во себе уште еден милион мали тајни. „На мали длабочини ќе видите јато од риби. На длабочина од 35 до 50 метри ќе можете да го видите охридскиот тркалезен сунѓер. Има места со огромни карпи кои се спуштаат и до 250 метри длабочина. Тоа е голем предизвик. Замислете вие во подморницата и од неа да ѕиркате во некој амбис. Вие сте на 50 или 60 метри длабочина, а под вас се уште 200 метри длабочина. Сигурно ќе можат да се видат и подводни археолошки локалитети.“

Nemo 100 Mini Uboot

Подморница со двочлен екипаж

Во време на светска криза и потреба на туристите да им се понуди ново и атрактивно Анета Бар од хотелите Инекс Горица признава дека евентуалната набавка на мини пловните објекти ќе значи здружување на хотелите дури и помош од други институции: „Би требало да влезе некоја институција од повисок ранг. Евентуално здружување на повеќе хотели со помош од општината или државата.“

Германците ја дадоа понудата, останува да се види дали охридските хотелиери ќе го препознаат овој интересен, а со текот на времето и профитабилен проект.

Автор: Милчо Јовановски

Редактор: Александра Трајковска