1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ќе ги скара ли Ел Масри Берлин и Вашингтон?

Три години по киднапирањето на Германецот со либанско потекло Калед Ел Масри, американската влада призна дека знае за случајот. Признанието стигна по налогот за апсење од минхенскиот суд за тринаесет американски соработници на ЦИА вмешани во случајот Ел Масри.

ЦИА под притисок

ЦИА под притисок

Случајот Ел Масри и обвинувањата против тајната служба ЦИА и се доволно познати на американската влада но таа досега ја премолчуваше информацијата за тоа. Само шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс зборуваше со германската канцеларка Ангела Меркел за некаква “заблуда”. Но, сега портпаролот на Рајс, Шон Меккормак јавно потврди дека слушнал за случајот:

“...но, сметам дека нашите луѓе немале доволно време целосно да ја истражат ситуацијата. Налогот за апсење бил издаде од локален суд поради што случајот не бил стигнат на владино ниво. Сега ќе мора да ги разгледаме деталите.”

Без разлика на тоа како ќе се одвива случајот Ел Масри, Мек Кормак смета дека тоа нема да има никакво влијание врз американско-германските односи.

“Го почитуваме суверенитетот на нашите пријатели. Нашите и германските служби работат заедно во разузнавачки операции и во борбата против тероризмот.”

Дури и сега кога американските разузнавачи се на нишан германските иследници? Нема коментар од ЦИА, која до сега не го призна ниту учеството во киднапирањето на Германецот со либанско потекло. Првата критика за тоа се појави на крајот на 2006 кога Ел Масри во американската држава Вирџинија поднесе жалба против пресудата на американскиот суд да не се занимава со неговиот случај бидејќи тој може да биде закана за националната безбедност.

Случајот “Ел Масри” и налозите за апсење станаа дефинитивно голем товар за американско – германските односи, оцени весникот “Њујорк тајмс” кој пишува: “ова е досега најтежок легален предизвик за тајните транспорти на затвореници на ЦИА”. Иако според проценките на весникот тешко веројатно дека некој од бараните лица ќе се појави пред германски суд.

Владата во Вашингтон пишува “Тајмс” нема да ги испорача тринаесетте обвинети. Но, тие веќе се погодени од обвинението. Постојано ќе бидат под закана дека може да бидат уапсени кога ќе ја напуштат Америка. Информацијата дека се барани и други меѓународни соработници на ЦИА, која ја објави радиото “НПР” предизвика немири во ЦИА. Нивните соработници масовно склучуваат договори за правна заштита и одбегнуваат да бидат изложени на ризик преку учество во бризантни операции.

“Кога ќе учествуваш во ваква операција и таа се развие лошо, твојата кариера е завршена. Не можеш да патуваш во странство, едноставно си готов”, појаснува поранешен соработник на ЦИА, Боб Беер.