1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ќе ги купи ли Кина италијанските државни обврзници?

Кинескиот премиер Вен Џиабао на Европа и на САД им понуди помош во надминувањето на должничката криза. За возврат Вен бара скорешно признавање на Кина како пазарно стопанство. Италија сака да добие кинеска помош.

default

Италија во моментов е буре без дно. Во италијанските државни обврзници, Европската централна банка само во изминатата недела инвестираше повеќе милијарди евра. Но, тоа, се чини не ги смирува инвеститорите. Сега Италија се труди да добие помош од Кина. Министерот за финансии Џулио Тремонти, минатата недела, имаше средба со Лоу Џивеи, шефот на кинескиот државен Фонд за инвестирање. Темите на разговор, како што оценува Џулиано Ноци, експерт за Кина на Техничкиот универзитет Милано, може да се набројат на една рака:

„Кина во моментов има најмногу средства на располагање - 3.200 милијарди долари, што е впечатлива бројка, двапати пооглема од брутодомашниот производ. Се разбира дека Кина гледа со интерес кон Европа и Италија, но секогаш притоа, го има во прв план сопствениот интерес.“

Тоа значи - Кина нема да инвестира во италијанските државни обврзници изигрувајќи хуманитарец од Далечниот Исток. Кина сака да инвестира во клучните

Finankrise in Italien: Finanzminister Giulio Tremonti beim G7-Treffen in Rom

Италијанскиот министер за финансии Џулио Тремонти има главоболки - дали лекот е Кина?

индустриски гранки на Италија, велат експертите, и тоа - технологијата и енергијата. Овие „скапоцености“ на Италија се во голем дел во сопственост на државата.

Кинеско учество би донесло многу пари во касата: „Се разбира дека Кинезите имаат интерес за она што ни‘ е скапоцено, а заинтересирани се и за политичка поддршка на меѓународно ниво. Значи, тие би можеле да инвестираат во државните обврзници, а за возврат од Италија да бараат поддршка за Кина на меѓународно ниво“, оценува Ноци.

Бизнис во кој двете страни треба да дадат нешто. Не толку одамна италијанскиот министер за финансии Тремонти и премиерот Берлускони бараа заштитни царини за да го заштитат домашниот пазар од кинескиот увоз. Сега Тремонти ја напушта тврдината Европа и на Кина и‘ нуди инвестиции, а Берлускони оди за Брисел за да ги смири европските партнери.

Автор: Тилман Клајнјунг/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска