1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Њујорк немоќен пред Ајрин

Ураганот Ајрин денеска (28.08.) стигна до Њујорк, проследен со силен ветер и дожд, блокирајќи го 20-милионскиот финансиски центар. Досега Ајрин однесе најмалку девет животи во Северна Каролина, Вирџинија и Флорида.

default

Њујорк личи на „град на духовите“, откако утрово беше погоден од ураганот „Ајрин“, првпат по повеќе децении. Најмалку 370.000 лица добија наредба да се евакуираат од најкритичните области, меѓу кои и Вол Стрит и Кони Ајленд. Целокупниот јавен сообраќај во најголемиот американски град е блокиран, исто како и неколкуте аеродроми. Градоначалникот Мајкл Блумберг нагласи дека веќе не е можно да се побегне од бурата.

„Доколку досега не сте се евакуирале, тогаш подобро останете онаму, каде што сте“, им порача Блумберг на сограѓаните на прес-конференција. „Природата е многу посилна од сите нас“, додаде градоначалникот.

Градските татковци сметаат дека најголема опасност од Ајрин претставуваат огромните количества дожд и вода од Атантикот, кои предизвикуваат голема поплава во Њујорк.

Ураганот досега однесе најмалку девет жртви - најголемиот дел од нив загинале во сообраќајни несреќи, од срцеви удари и од откорнати дрвја. Најмладата жртва е единаесетгодишно момче, кое загинало кога дрво паднало на зградата во Њупорт Њус во Вирџинија.

Hurrikan Irene Flash-Galerie

Загрозени милиони луѓе

Најголемата опасност од Ајрин не е брзината на ветерот, туку големината на ураганот. Тој го погоди речиси целиот источен брег на САД и ќе трае подолго од останатите бури. Освен тоа, Ајрин погодува области, кои вообичаено не се погодени од урагани, како на пример Њујорк и Бостон. Дури и Канада делумно ќе ги почувствува последиците од Ајрин.

На целиот источен брег се очекуваат големи последици за милиони лица. Размерот на штетите ќе станува се` појасен со одминувањето на ураганот, истакна американската министерка за внатрешни работи, Џенет Наполитано.

Ветерот достигнува брзина од 130 километри на час, а ураганот од Њујорк се движи кон север-северозапад.

Автор: ТТ/дв,афп,миа

Редактор: Е.М.Фиданоска          

 

DW.COM