1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Њујорк го освои Супербоулот

Во големото финале на НФЛ лигата во американски фудбал, Супербоул, рано утрово Њујорк Џајантс ги совладаа Њу Ингланд Патриотс, со 21:17

default

Илај Менинг со победничкиот пехар

Финалето во Индијанаполис го одбележаа неизвесен натпревар до самиот финиш и спектакуларен настап на поп-кралицата Мадона на полувремето.

За Џајантс ова беше вкупно четврта титула во НФЛ, и втора победа во големото финале токму над големиот ривал и фаворит Патриотс, по онаа во 2008 година. Њу Ингланд го имаше последниот напад на мечот, но не успеа да постигне погодок.

За најкорисен играч на финалето беше прогласен Илај Менинг од Њујорк, кој го предводеше тимот до титулата и во 2008.

На полувремето на мечот, гледачите ги забавуваше Мадона која го изведе новиот хит „Give Me All Your Luvin'".

На целиот спектакл присуствуваа околу 70 илјади гледачи, а влезниците достигнуваа цена и до 4 илјади долари. Организаторите се надеваат дека годинешниот пренос ќе го урне рекордот и ќе ги надмине минатогодишните 111 милиони гледачи.

Супербоулот е традиционално најгледан ТВ спектакл во САД, а 30 секунди рекламен простор во текот на преносот годинава достигна 3,5 милиони долари.

Автор: БГ/бета

Редактор: Б. Георгиевски