1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Њујорк бил следна цел на бостонските бомбаши

Извршителите на нападите во Бостон се подготвувале да активираат бомби на плоштадот „Тајм сквер“ во Њујорк, изјави градоначалникот Мајкл Блумберг.

Според американските медиуми Њујорк бил следна цел на листата на Тамерлан и Џохар Царнаев.

„Тие планирале да активираат експлозивните направи, што веќе биле направени, на плоштадот $Тајм сквер“ на Менхетн, истакна полициски комесар Рејмонд Кели. Браќата Царнаеви „спонтано“ го одбрале „Тајм сквер“ како следна цел.

Потврдата за планираните напади стигнала од помладиот брат Џохар Царнаев кој на полицијата од болничкиот кревет и признал дека со брат му се договориле „спонтано да се одвезат до Њујорк и да изведат напади“. Во украденото возило кое го имале, браќата имале подготвени пет помали бомби и една „бомба лонец“- слична на оние кои експлодираа во Бостон.

Според досегашните сознанија на истрагата, браќата Царнаев, етничките Чеченци од Русија кои живееле во САД околу една деценија, биле мотивирани од гневот поради војните кои САД ги водеа во Авганистан и Ирак.

Браќата најверојатно биле радикализирани преку џихадистички материјали на интернет, но немале директни контакти со терористичките организации, иако тоа не е до крај утврдено.

Постариот брат Тамерлан, кој загина во престрелка со полицијата, бил следен од американските служби и се наоѓал во терористичката база на податоци на ФБИ, откако биле добиени предупредувања од руските служби дека се работи за исламски радикал.