1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Њујоркер“ : САД се вмешани во израелскиот план за напад на Либан.

Американската влада „беше многу вмешана во израелскиот план за напад на Хезболах, дури и пред ова шиитско движење да ги зароби двајцата израелски војници на 12 јули“, пишува американскиот неделен весник „Њујоркер“ во денешното издание

Медиумите во САД откриваат афери

Медиумите во САД откриваат афери

Претседателот Буш и неговиот заменик Чејни биле уверени дека успешна израелска кампања во која ќе се бомбардира Хезболах ќе може да ги намали стравувањата на Израел за неговата безбедност, стои во текстот чиј автор е новинарот Сејмур Херш - добитник на Нобелова нагдата за откривањето на аферата за злоставувања во ирачкиот затвор Абу Граиб.

Според овој неделник, бушовата администрација, во израелската кампања видела вовед во можен американски превентивен напад за уништување на иранските нуклеарни постројки. Повикувајќи се на експерти за Блискиот Исток, весникот пишува дека Израел направил план за напад на Хезболх и за тоа ги известил во Белата куќа, дури и пред шиитските милиции да ги заробат израелските војници, поради што и започна израелската офанзива во Либан.

„Кога Хезболах ги зароби војниците на почетокот на јули, тоа само послужи како изговор“ за израелските напади, изјави Херш за Си ен ен додавајќи дека „ САД со месеци соработувале на овој план со Израел не знаејќи само кога може да започне акцијата“.

Повикувајќи се на неименуван советник во американската влада весникот потсетува дека повеќе израелски високи претставници на почетокот на летото биле во посета на Вашингтон за да „добијат зелено светло“’ за бомбардирање на Хезболах, и да го проценат „степенот на американската поддршка“.

Секако американската влада ги отфрли овие обвинувања, но Херш тврди дека неговите извори се доверливи.