Љубчо Георгиевски | Теми | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Љубчо Георгиевски

Љубчо Георгиевски е македонски политичар роден на 17 јануари 1966 година во Штип. Во македонската политика е активен од првите повеќепартиски избори во 1990 година.

Георгиевски е прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање во 1990 година, па сѐ до 2003 година. Во 1990 година станува пратеник, а една година и подоцна и потпретседател на претседателот на државата Киро Глигоров. Во 1998, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, избран е за премиер. Во 2003 ја напушта претседателската функција во партијата, но една година подоцна неуспешно се обидува да се врати на нејзино чело. Во меѓувреме е лидер на ВМРО-Народна партија.