1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Љубчо Георгиевски: без прием во НАТО-неизвесна иднина

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски открива дека планира да се врати во политиката и тоа на голема врата. Во разговорот за „Дојче веле“ најавува претседателска кандидатура на наредните избори по пет години.

default

Поранешниот премиер најавува политички амбиции

Мотивот за политичко активирање Љубчо Георгиевски вели дека го наоѓа во политиката на власта, која според него, ја води земјата во погрешна насока. Признава дека победата на неговата поранешна партија е триуфална, но смета дека е нелогична. Власта не покажува резултати ниту на економски план, ниту на евроинтегративен, а сепак победува на избори, оценува Георгиевски.

„Оваа ирационалност произлегува од некаква замислена проекција на македонскиот гласач, дека актуелната влада му е некаков заштитник по едно единствено прашање, тоа е за името. А од друга страна СДСМ се промовира како партија која сака да направи компромис по тоа прашање, во контекст на тоа има едно потпрашање, дека актуелнаѕа влада на македонскиот гласач му е некаква заштита за спас на она што се нарекува новокомпониран идентитет кој произлегува од некаква античка Македонија.“

Vardar Fluss im Zentrum von Skopje, Mazedonien

Спорот со името да се реши што поскоро

Без итен прием во НАТО-неизвесна иднина

Георгиевски предупредува дека иднината на Македонија е неизвесна ако земјата веднаш не влезе во НАТО. Опасноста ја гледа во отворените регионални прашања и ги споменува состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово. Смета дека се‘ уште не е затворено ниту албанското прашање во Македонија. Затоа препорачува промена на името за решение на спорот со Грција.

Георгиевски: „Северна Македонија“ е прифатливо име

„Името Северна Македонија за мене е идеално. Ако сега го испуштиме, повторно еден ден ќе се вратиме на опција од типот „Нова Македонија“, „Република Македонија-Скопје“, „Горна Македонија“, кои според мене се помалку достоинствени и понеприфатливи отколку „Северна Македонија“. Вториот момент на кој треб ада се задржиме епроблемот на идентитетот, нацијата и јазикот, ако тука ја посветиме енергијата, ако тука ги анимираме нашите пријатели кои сакаат да помогнат, мислам дека лесно можеме да дојдеме до компромис.“

Георгиевски одбива да зборува за неговите национални чуства, со оглед на контроверзите што го следат. Вели дека го иритира да се докажува како патриот кога во изминатите години зборувал и работел за Македонија како независна држава на македонската нација. Не открива ниту зошто и дали воопшто земал бугарски пасош.



Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска