1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Љубов“ ја доби Европската филмска награда

Важеше за фаворит и стана голем победник на вечерта - филмот „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке доби дури четири признанија на доделувањето на Европската филмска награда во Валета, на Малта.

Седумдесетгодишниот Михаел Ханеке (на фотографијата) ја доби наградата за најдобар филм, како и за најдобра режија, а двајцата главни актери во филмот „Љубов“, Емануел Рива и Жан-Луј Тринтињан се прогласени за најдобар актер и актерка. Филмот „ЉУбов“ остана само без наградата за сценарио, која припадна на данскиот филм „Лов“, на Тобиас Линдхолм и Томас Винетбергер.

Европската филмска академија (ЕФА) за најдобар документарен филм го прогласи швајцарскиот филм „Зимски номади“ на Мануел фон Штирлер. Наградата за европски придонес во светската кинематографија ја доби актерката Хелен Мирен од Велика Британија, а за животно дело режисерот Бернардо Бертолучи од Италија.

Будевијн Куле од Холандија е добитник на наградата за Европско откритие - наградата FIPRESCI - за филмот „Каубој“.

Европската филмска академија во септември објави листа од 47 филмови од 31 земја, како кандидати за номинација за ова признание, а за победниците одлучуваа над 2.700 членови на ЕФА ширум Европа.