1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Љубов и забелешки за скопските градби

„Skopje Love Story“ беше именувана литературната ноќ во Лајпциг посветена на архитектурата и литературата на македонската престолнина. Освен авторите на книгата „Skopje: The World Bastard“ на неа говореа и писатели.

default

Дискусија: „Skopje Love Story“

Приказната за Скопје започна со видео-записот и визуализацијата на проектот „Скопје 2014“, кому е посветена и книгата на Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Делото кое е на англиски јазик, а ќе биде објавено и на македонски и на албански јазик, веројатно ќе предизвика внимание кај стручната публика, зашто на стотината страници се сублимирани архитектонското, историското и политичкото живеење на градот.

„За мене интересно е што целиот процес е воден аматерски. Дали кога зборуваме за скулптурите, или архивите, или

Mazedonisch Leipziger Buchmesse 2011

Катарина Урбанек и Милан Мијалковиќ

црквите? Но, од друга страна во тој аматеризам има голем потенцијал. Фали многу малку со тој аматеризам да се направи многу повеќе. Тоа што денес се случува не можам да кажам, а ни книгата еднонасочно не кажува, туку вели дека од лошото може да се направи подобро“, изјави младиот архитект од Скопје Мијалковиќ, кој речиси деценија живее во Виена и кој заедно со Катарина Урбанек последнава година и половина работеше на книгата.

Пулсот на градот

Пред публиката во Лајпциг Мијалковиќ кусо потсети на историјата на градот, на земјотресот, на амбициозниот проект на Кензо Танге, чија цел беше да направи од Скопје отворен град на солидарноста, во кој сообраќајните решенија биле по урнекот на оние во Јапонија: центарот исклучиво за пешаци, посебни делови од улиците, за јавниот превоз. Од убавата идеја, меѓутоа не се реализира ништо. „Со сообраќајот се случува истото што и со другите административни згради. Се гради се’ на ура, нема концепт, нема процес, нема анализи како нешто треба да изгледа. И тоа е тоа што се случува во градот“, смета Мијалковиќ.

Mazedonien Leipziger Buchmesse

Влада Урошевиќ

Катарина Урбанек пак дополнува: „Во принцип свесната одлука на политиката, како ќе го гради градот по децении кога ништо не се случуваше, е секако потенцијал, кој можеше и подобро и поинаку да се искористи. Работите отидоа некако во погрешна насока, зашто одлуката за градба беше еднострана, а можеше да има други теми, кои со истата енергија би биле долгорочно покорисни за градот. Тука мислам на станбената изградба или јавни објекти, кои би биле општествено поисплатливи.“

Скопје има многу идентитети

Во заедничката книга за Скопје посебен акцент е ставен на новите градби. Колку тие можат да бидат вистински национален белег на градот и државата? „Скопје има многу идентитети, но дали ќе биде слика во класичен или поп-арт стил останува да видиме. Мислам дека е добро што нешто се случува и дека таа енергија во градот не само кај политичката елита, туку и кај граѓаните треба да се искористи на подобар начин.“

Proekt Skopje 2014

Проектот „Скопје 2014“

Во дискусијата збор имаше и Влада Урошевиќ како еден од ретките автори кои се занимава со архитектурата како тема. Тој забележа, дека е многу тешко за еден писател да напише роман за Скопје. Имено, авторот треба да ги именува улиците по кои се движат јунаците, а тие, улиците по 10 години ќе го сменат името, такашто по 20 никој нема да знае каде се наоѓала една улица. И затоа секој писател или граѓанин мора да вложува напори за да направи од Скопје место каде спомените може да имаат свој простор.

Пред публиката беа читани и делови од романите на Роберт Алаѓозовски и Владимир Јанковски.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска