1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Љубовта кон автомобилите ги полни касите

Германската автомобилска индустрија бележи постојан стопански раст. Билансот во првите 6 месеци од годинава е одличен. Бројот на новорегистрирани автомобили се зголемува, а листата на нови порачки останува полна.

default

Големи автомобили со мала потрошувачка

Горивото во Германија во првата половина од годината беше толку скапо како никогаш до сега. Возачите мораа да платаат во просек 1,52 евра за едно литро супер. Изминатата година бензинот беше 11 центи поефтин. Меѓутоа, на големата љубов кон автомобилите ништо не и стои на патот. Бројот на нови регистрирани возила во првата половина од 2011 година значително порасна, вели Матиас Висман, претседател на Сојузот на автомобилската индустрија.

„До крајот на 2011 година очекуваме во Германија да се регистрираат повеќе од 3,1 милиони нови возила. Ние сме претпазливи со овие проценки и за да ја оствариме оваа цел во втората половина од годинава доволно е да имаме два проценти пораст на пазарот.“

Autosalon Genf 2010 - Audi A1 Flash-Galerie

Германските автомобили ќе имаат лесна каросерија и штедливи мотори

Со оглед на големиот број нарачки по се’ изгледа дека плусот ќе биде значително повисок. Станува збор за тренд, од кој германската автомобилска индустрија профитира. До средината на годинава производството беше на рекордно ниво, а наредната година се очекува да се произведат повеќе од 5,9 милиони автомобили. Поголемиот дел од овие автомобили, односно 4,9 милиони, се произведуваат за извоз. Германските автомобили во странство се барани како никогаш до сега. Во Западна Европа речиси секое второ продадено ново возило е од некој германски автомобилски концерн. Во Кина секој петти автомобил што се вози е од германско потекло.

„Според бројот на возила, а во моментов тоа се 30 автомобили на 1.000 жители, пазарот во Кина е далеку поголем за понатамошен пораст на производството. Во Германија оваа бројка изнесува 517 автомобили на 1.000 жители, но и доколку не ја постигнеме оваа бројка, потенцијалот е огромен. Кина е најважниот странски пазар за германските производители и нашиот удел на пазарот веќе трета година по ред расте и покрај тоа што сега имаме речиси 20 проценти удел на пазарот”, објаснува Матиас Висман.

Автомобилите со штедлив мотор се најбарани

Покрај тоа, германската автомобилска индустрија јавува за успеси во Индија, Бразил, Русија и САД. Со оглед на зголемувањето на цените на горивото во овие земји особено се барани автомобилите со штедлив дизел мотор од типот на т.н. Лајт Трак. Тоа се веновите, пик-ап автомобилите и теренските возила. Оваа година во САД, секое трето продадено дизел возило од овие категории е од германско потекло.

Deutschland Wirtschaft Autoindustrie Beschäftigung

4,9 милиони возила се произведуваат за извоз

Во минатото на германските автопроизводители им се префрлаше дека го преспале трендот на штедливи, а со тоа и автомобили што испуштаат помалку јаглероден диоксид. Во меѓувреме за вакво нешто не може воопшто да се зборува, вели претседателот на Сојузот на германската автомобилска индустрија Висман. Еден нов германски автомобил во просек испушта 148 грама ЦО2 на километар. Овој процент кај автомобилите, пак, што се увезуваат во Германија изнесува 145,4 проценти.

„Порано бевме пет, шест или седум поени понапред, но сега се’ побрзо се доближуваме и покрај тоа што ние ги произвдеуваме поголемите автомобили. Уметноста не е во тоа да се произведе мало возило со потрошувачка од четири литри, туку да се произведе Мерцедес - С класа или БМВ - седмица што ќе троши околу пет литри гориво на сто километри. Во тоа е инженерската уметност”, вели Висман.

Цел на германската автомобилска индустрија е да произведува автомобили со полесна каросерија, штедливи мотори, како и да развива алтернативни погонски системи. Ваквиот развој меѓутоа германската автомобилска индустрија ќе ја чини многу пари. Имено, како во ниту една друга бранша во Германија, ќе се вложуваат 20 милијарди евра годишно во развој и истражување на автомобилите.

Автор: Сабине Кинкартц/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска