1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Љубе Бошкоски уапсен, снимките веќе на интернет

Неполни 24 часа по вонредните парламентарни избори, македонската полиција попладнево го уапси Љубе Бошкоски, претседател на вонпарламентарната партија Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи.

default

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, Бошкоски е уапсен под сомнение за незаконско финансирање на неговата предизборна кампања и нелегален трансфер на пари. Дел од медиумите, кои се затекнале на местото на настанот при апсењето на Бошкоски, објавија дека во возилото на Бошкоски во центарот на Скопје, полицијата пронашла поголемо количество пари во странска валута и оружје.

Бошкоска: Црно сценарио на власта

Според агенциски извештаи, сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета, видно вознемирена се појавила пред ресторанот Воденица каде барала одговори што се случило со нејзиниот сопруг.

Зборувајќи пред новинарите, таа рекла дека за апсењето на нејзиниот сопруг разбрала од синот, кој бил сведок на настанот. „Не може Љубе да биде уапсен, а во исто време власта да свикува прес-конференција. Тоа е нивно подготвено црно сценарио“, изјави Бошкоска. Запрашана дали знае дека станува збор за поткуп и наводна сума од неколку десетици илјади евра, Бошкоска рекла дека „тоа се пари во нивните глави“.

Wahlplakate für die Parlamentswahlen 2011 in Mazedonien FLASH Galerie

Бошкоски наводно незаконски ја финансирал предизборната кампања

На вчера одржаните избори Обединети за Македонија на Бошкоски не успеа да освои ниту едно пратеничко место, а претставници на партијата обвинуваа за фалсификат од страна на власта. Во текот на предизборната кампања, Бошкоски во повеќе наврати влегуваше во жестоки дуели со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, разменувајќи си притоа тешки навреди и обвинувања.

Повеќе медиуми во Македонија го снимиле приведувањето на Бошкоски, откако претходно веројатно биле информирани од полицијата, а снимките од неговото приведување со лисици на рацете веќе ја обиколуваат интернет-сферата.

Автор: Борис Георгиевски

Редактор: Трајче Тосев