1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јушченко – прес- конференција

“Среќен сум што сум жив“

„Среќен сум што сум жив„ - Јушченко

„Среќен сум што сум жив„ - Јушченко

На прес-конференцијата во Виена пред напуштањето на болницата, Виктор Јушченко чија изјава ја преведуваше неговата сопруга Катарина, им заблагодри на лекарите и на целиот тим за нивната виска професионалност што му овозможи се уште да живее, минувајќи со него денови и ноќи. Објаснуваќи ги настаните од последните недели во Украина, Јушченко изјави:

“Мислам дека срцето на Украина се движеше кон независнот на плоштадот во Киев во последниве три недели. Стари и млади, сите го бранеа нивниот избор за типот на Украина каква што сакаат да биде во иднина. Студентите прогласија генерален штрајк и такво нешто не сме доживеале во Украина во псоледните 100 години. Мислам дека не е претерано ако тоа го споредам со крахот на Советскиот сојуз или со паѓањето на берлинскиот ѕид".

“Многу сум среќен што бевме способни да ја покренеме нацијата. Затоа денес нема електорат, туку граѓани способни да ги бранат своите права", рече Јушченко во изјавата пред новинарите во Виена, на која, со оглед на сите околности, немаше можност да се поставуваат прашања.