1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јушченко и официјално претседател на Украина

Денеска во Киев во парламентот на Украина Виктор Јушченко поднесе заклетва како новоизбран претседател на својата земја. Парламентарната сала беше исполнета до последното место. Присуствуваа делегации од 40 држави, меѓу нив германскиот претседател на Бундестагот Волфганг Тирзе и американскиот министер за надворешни работи на заминување Колин Пауел. Беше присутен и претходникот на Јушченко, Леонид Кучм

Конечно стана претседател на Украина

Конечно стана претседател на Украина

�.

50-годишниот Јушченко, досегашниот лидер на опозицијата, пред пратениците и странските гости, се заколна дека ќе ги брани суверенитетот и независноста на својата земја, дека ќе работи за доброто на украинскиот народ и дека функцијата ќе ја извршува во интерес на своите сограѓани. При заклетвата Јушченко ја стави раката врз уставот и Бибилијата.

Противникот на Јушченко на претседателските избори, Јанукович не реагираше на покната за церемонијата, туку замина на одмор. Тој најави дека нема да го признае новиот претседател и ќе води цврста опозиција против неговата влада. Меѓутоа, во меѓувреме голем број пратеници ја напуштаат неговата фракција за да обезбедат политички опстанок. Посматрачите сметаат дека новиот претседател ќе има стабилно мнозинство во парламентот.

Но денеска прво се славеше. На плоштадот на независноста во Киев се собраа илјадници луѓе кои беа во портокалово, бојата на револуцијата, во што е обвиткан и главниот град на земјата. Само овде-онде можеа да се видат сино-бели знамиња на неговиот противник Јанукович. Новиот претседател Јушченко му се заблагодари на својот народ, кој со недели протестираше за повторување на фалсификуваните избори, со што го отвори патот за денешниот ден. Сите телевизиски канали живо известуваа за стапувањето на должноста претседател на Јушченко и од славјето на плоштадот во Киев. Само за луѓето од источна Украина денешниот ден е национална трагедија, забележа една позната телевизиска новинарка од Донецк. Во тврдината на губитникот Јанукович, сега се собираат потписи за федерална Украина. Иницијативата тргна од тамошните регионални гувернери кои се надеваат дека на таков начин можат да издејствуваат независност од Киев.