1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ЈуТјуб почна со платена ТВ

Видео платформата ЈуТјуб станува конкуренција за платените телевизиски канали - стартуваше со канали во САД за кои е потребна претплата.

ЈуТјуб работи со 30 понудувачи, кои вкупно имаат 50 канали. Тие можат да се гледаат само со месечна претплата, за чија висина понудувачите носат одлука сами. Нивна е и одлуката дали ќе имаат реклами или не.

Цената на претплата би можела да почнува од околу 99 центи, а просечно месечно нејзината висина би била можеби 2,99 долари, соопшти Гугл. Според наводи на ЈуТјуб, прво треба да има пробна фаза од две недели, која ќе биде бесплатна за сите канали, по што корисникот потоа би се претплатувал. Освен тоа, треба да има и поволности за корисниците кои ќе сакаат претплата на една година.

ЈуТјуб има повеќе од еден милион канали кои носат профит, досега само преку реклами. Платформата дава поддршка за развој на канали со професионално продуцирани содржини, кои би требало да ја надополнуваат телевизиската понуда. Инаку, месечно, ЈуТјуб има околу една милијарда корисници.