1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Јусеин Болт е спортист на годината во светот

Спринтерот од Јамајка Јусеин Болт ја доби годинешната спортска награда Лауреус. Со тоа 26-годишниот Болт по трет пат во својата кариера станува најдобар спортист на светот.

Олимписката ѕвезда Јусеин Болт (фото горе) не присуствуваше лично на доделувањето на наградата Лауреус во Рио де Жанеиро, но се заблагодари преку видео-порака. Болт доби награда и во 2009 и 2010 годинна.

Наградата во женска конкуренција и‘ припадна на Британката Џесика Енис, повеќекратна олимписка победничка. Наградата во екипна конкуренција пак, ја доби европскиот Рајдер Кап тим, чиј дел е и Германецот Мартин Кајмер.

Американската пливачка легенда Мајкл Фелпс, со неговите 22 олимписки медали, доби специјална награда за извонредни спортски достигнувања. За спортист кој направил најуспешен камбек е прогласен Феликс Санчез од Доминиканската Република. 34-годишниот Санчез во 2012 година, на Олимписките игри во Лондон освои златен медал на 400 метри со пречки и со тоа го повтори својот успех од 2004 година во Атина.

Наградата Лауреус за акциони спортисти отиде во рацете на Австриецот Феликс Баумгартнер. Есктремниот спортист во октомври скокна од височина од 39 километри и е прв човек во историјата што во слободен пад го пробил звучниот ѕид.