1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јуратовиќ: Напредокот е во рацете на македонските политичари

Социјалдемократот и член на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ апелира дека Македонија мора да ги изврши задачите, за да се постигне демократски напредок, како во земјата така и во евроинтегративниот процес.

Јосип Јуратовиќ од пратеничката група на социјалдемократите е член на Бундестагот од 2005 година. Ангажиран е во парламентарната група за Југоисточна Европа. Во изминативе осум години тој ги застапуваше интересите на Хрватска и на Западниот Балкан.

Кога е во прашање Македонија, честопати бил и критички настроен, истакнувајќи го значењето на реформите во Македонија и владеењето на правото, демократијата и слободата на изразувањето.

За последните бриселски заклучоци во врска со Македонија, Јосип Јуратовиќ за Дојче веле коментира: „За процесот на доближувањето на Македонија до ЕУ, Советот се изрази доста воздржано со што ги наведе и главните задачи кои престојат пред земјата. Ова ја потврдува и мојата теорија: На крајот на краиштата, одлуката за напредокот на Македонија е во рацете на македонските елити. Сѐ додека Парламентот не функционира правилно и политичките партии не ги отелотворуваат демократските вредности, неможе да има напредок ниту во Македонија, ниту во пристапниот процес“, истакнува Јуратовиќ.