1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг ја започна балканската турнеја

*

Идниот статус на Косово е во средиштето на разговорите што германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, од денеска до петок ќе ги води во Хрватска, Македонија, Албанија и на Косово. Јунг попладнево ги започнува средбите во Загреб. Утре е во Скопје каде ќе се сретне со македонскиот претседател Бранко Црвенковски,премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана Еленовски. Покрај Косово на средбите ќе разговараат и за билатералните односи во доменот на одбраната, армиските реформи и германската поддршка за членство на Македонија во НАТО.