1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг - Хрватска

*

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг ја потврди поддршката на Германија за планот на Марти Ахтисари за Косово. За време на посетата на Хрватска, Јунг изјави дека решение за иднината на покраината може да има само во рамки на ОН и изрази надеж дека во случај на неуспешни преговори до 10 декември нема да се случи дестабилизација на покраината. Јунг, освен тоа, на Хрватска и‘ вети натамошна поддршка на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Денеска германскиот министер за одбрана е во посета на Македонија и Албанија, а утре патува за Косово. Теми на разговорите што ќе се водат се статусот на Косово, воената соработка и евро-атлантските интеграции.