1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг повторно против американскиот антиракетен штит

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг повторно се изјасни против изградба на американскиот антиракетен штит во Европа. „Систем со заштитна функција за Европа е и во наш интерес, но во таков план треба да бидат вклучени НАТО и Русија, изјави Јунг. И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за медиумите изрази сомневање дека Европа и САД се загрозени од ракетни напади. Ниту една од таканаречените непресметливи држави од кои наводно има опасност не поседува вакви ракети, рече Лавров за Фајненшл тајмс Дојчланд. САД сака вакви системи да постави во Полска и Чешка.