1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг останува на ставот

*

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг останува на ставот дека во случај на грабнување на патнички авион за терористички цели ќе нареди тој да биде соборен, за да ги заштити граѓаните. „Иако за ваква мерка не постои уставна основа, во случајот ќе важи правилото за вонзаконска вонредна состојба,“ изјави денеска Јунг на маргините на безбедносната конференција која се одржува во Берлин. Ваквите изјави на Јунг предизвикаа голема дебата и критики во јавноста. Законот за безбедност од воздух, со кој требаше да се регулра реакцијата на државата во случај на терористички напад од ваков тип, пропадна во 2006 година бидејќи го одби уставниот суд.