1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг од утре на балканска турнеја

*

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг од утре оди во посета на земјите од Западниот Балкан. Преговорите за статусот на Косово ќе бидат главна тема на посетата на Загреб, Скопје, Тирана и Приштина, соопштено е денеска од неговиот кабинет. Јунг во Македонија во четврток ќе разговара со претседателот Бранко

Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Германија вчера повтори дека е важно да продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина, како и дека двете страни ќе ја искористат новата шанса за да дојдат до решение.