1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јунг на Блискот исток

Германскиот министер а одбрана Франц Јосеф Јунг од денеска е на турнеја низ Блискиот Исток. Утрово тој пристигна во Либан каде се сретна со неговиот ресорен колега и премиерот Фуад Сињора. По посетата на Либан, Јунг ќе се сретне и со неговиот израелски колега Амир Перец.

Повредувањето на воздушниот простор на Либан недозволиво

Повредувањето на воздушниот простор на Либан недозволиво

Германскиот министер за одбрана Франц Јосеф Јунг утринава се сретна со неговиот ресорен либански колега Елијас Мур, а потоа и со премиерот на Либан Фуад Сињора.

Главната тема на разговорите на Јунг во Либан е прецизирање на мандатот на гермаснките војници, цивилна помош за обнова на инфраструктурата во земјата, севкупно станува збор за 130 милиони евра и заедничката грижа поради постојаното илегално повредување на воздушниот простор на Либан од страна на Израел. Ова се чини има и најголем преиорите меѓу германските паламентарци кои на Блискиот иток отпатуваа со министерот Јунг.

Политичарката од ФДП задолжена за безбедносни прашања Биргит Хомбургер вели „Ќе има уште посета на Израел и очекувам јасно да се зборува за инцидентите со ловците Ф 16 и германската морнарица но и за однесувањето на Израел кон Либан во овој контекст.“

За Рајнер Арнхолт, портпарол за безбедносно политички прашања во СПД набљудувачкиот мандат на Бундесверот функционира а ова патување е во функција на проверка. И тој е видно вознемирен од постојаните прелетувања на изралеските воени авиони „Сигурно за оваа тема јасно и отворено ќе се зборува во Израел. Затоа се и тука германските парламентарци и министерот. Сепак јас понекогаш се прашувам дали израеласката политика има стопроцентна контрола над војската за секоја ситуација.“

И пратениците од редовите на опозицијата ја поддржаа критиката од страна на германската влада, но тие се значително поостри отколку министерот Јунг. По пристигнувањето во Либан пратенкот од редовотена Зелените Јирген Тритин истакна „Перманентната повреда на воздушниот простор на Либан од страна на израелската армија е јасно прекршување на резолуцијата. Тоа е неприфатливо. Мора да се изврши политички притисок, за овие пречки да изостанат во оваа ситуација.“

Денеска напладне пратениците на Бундестагот заедно со минисерот заминуваат за Израел, каде министерот Јунг ќе се сретне со израелскиот министер за одбрана Петрез. Без да се наведат причини на новинарите кои патуваа со германската делегација им е забранет влез во центарот на Тел Авив. Тие мининсиерот Јунг ќе мора да го чекаат на аеродромот Бен Гурион.