1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јунг - Ерлер - Косово - Белград

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, денеска ќе ги посети трупите на Бундесверот во Косово. Во Призрен тој ќе разговара со командантот на германскиот контингент на КФОР, Ерих Пфефер, а утре во Приштина ќе има средба со косовскиот претседател и со премиерот, Фатмир Сејдиу и Агим Чеку. Во Белград, пак, денеска на разговори со српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница е државниот секретар во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер. Соопштено е дека ќе стане збор за ситуацијата во Србија и формирањето на владата, статусот на Косово, асоцирањето во ЕУ и регионалната соработка.