1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Јулија Тимошенко наскоро во Берлин?

Болната украинска екс-премиерка Јулија Тимошенко можно е да стигне на медицински третман во Берлин. Ако таа биде ослободена од затвор, можно е потпишување и на Договорот за стабилизација и асоцијација на Украина со ЕУ

Во Берлин се шпекулира околу евентуално доаѓање на Јулија Тимошенко на лекарско лекување во германската престолнина.Дојче веле од медицински кругови дознава дека воспецијалниот центар Шарите во Берлин, каде се лекуваат многумина проминентни пациенти, веќе се подготвува болничка соба за поранешната украинска премиерка. Некои странски медиуми веќе наведуваат и датум. Така, полскиот весник „Газета Виборча“ во онлајн изданието тврди дека Тимошенко ќе стигне во Берлин на 15 септември. И поранешниот полски претседател Александар Квашњевски, кој моментно посредува како специјален пратеник на Европскиот парламент во случајот Тимошенко, се осуди на прогноза - за полското радио тој изјави: „Тимошенко до крајот на септември ќе може да патува на лекување во странство“. Изворите на Дојче веле меѓутоа не наведуваат конкретен датум.

Времето притиска

Времето притиска, зашто на крајот на ноември во Вилнус ќе биде одржан самит на Еу со земјите-учеснички на програмата Источно партнерство. На оваа средба ЕУ планира потпишување Договори за стабилизација и асоцијација со Ерменија, Грузија и Република Молдавија. Ваков договор, кој освен тоа предвидува и создавање слободна трговска зона, треба да биде потпишан и со Украина.

Но, германските и европските политичари повеќепати беа јасни: предуслов за потпишување на договорот е решавањето на проблемот со Тимошенко. Нејзиното ставање во затвор, во Берлин и во другите европски престолнини се толкува како вршење селективност од страна на украинското правосудство. Тимошенко во 2011 година, во спорен процес, беше осудена на 7 години затвор. Тимошенко тешко оболе во затворот и оттогаш е лекувана од лекари од германската болница Шарите.

Случај со симболична сила

Од германски аспект случајот Тимошенко има посебна симболична важност. Тоа го потенцираше германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле на почетокот на јули, на средба со својот украински колега Леонид Кошара во Берлин. Вестервеле јасно кажа-еден од условите за потпишување на Договорот е елиминирањето на селективноста во правосудството. Вестервеле се заложи за хуманитарно решение на случајот Тимошенко. „Нашата понуда за медицински третман во Германија останува во сила“, подвлече тој.

PK- Die Außenminster Guido Westerwelle und Leonid Koschara

Гидо Вестервеле и Леонид Кошара

И Киев веројотно спозна - случајот Тимошенко стана камен на сопнување во односите со ЕУ. Украинскиот министер за надворешни работи Кошара во интервју за Дојче веле летово истакна дека „случајот Тимошенко е речиси единственото прашање кое ги заматува односите меѓу ЕУ и Украина“.

Но, Украина е правна држава, истакна министерот. Невозможно е проблемот да се реши со политички средства, дури и ако некој во Украина има политичка волја за тоа.

„Никој нема право да ослободи осудена личност“, рече Кошара. Затоа, Тимошенко не може да биде испратена на лекување во Германија без правно разјаснување на случајот.

Како Киев може да го спаси образот?

Поранешниот украински министер за надворешни работи Борис Тарасјук, кој денес ја води парламентарната Комисија за европска интеграција и е еден од лидерите на опозиционата партија „Татковина“, го критикува ставот на украинската влада.„Ако сакаат да го решат проблемот, а притоа да го зачуваат образот, одамна ќе го прифатеа предлогот на опозицијата и ќе ги укинеа спорните членови 364 и 365 од Кривичниот закон, според кои беше осудена Јулија Тимошенко“, изјави Тарасјук за Дојче веле.

Ukraine ehemaliger Außenminister Boris Tarasjuk

Борис Тарасјук

Според негово мислење, постојат две натамошни можности: на пример, спроведувањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кој на 30 јули го прогласи апсењето на Тимошенко за протиправно. „Ако навистина имаше политичка желба, тогаш Тимошенко ќе беше пуштена на лекување“, вели Тарасјук. Во овој контекст бившиот министер за надворешни работи укажува на одредбите во украинскиот устав и законите за заштита на здравјето. Тие овозможуваат лекарски третман на едно лице, ако во неговата пресуда нема никакви ограничувања во тој поглед. „А во случајот на Тимошенко, нема ограничувања“, подвлекува Тарасјук.

Конечно, постои уште една опција: помилување, како во случајот на поранешниот украински министер за внатрешни работи, Јури Луженко, кој беше ослободен во април оваа година, а претходно осуден за злоупотреба на службената положба и проневера. Ополномоштеникот на украинскиот парламент за човекови права кај претседалот Виктор Јанукович достави барање за помилување на Луженко, повикувајќи се на здравствени причини.

„Уставот му дава на претседателот право да помилува. Условите за помилување претседателот сам ги одредува“, подвлекува Тарасјук.