1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Јужноамериканците против помошта од ММФ за Грција

Јужноамериканските држави одбија да гласаат за следната транша од помошта на Меѓународниот монетарен фонд за Грција, стравувајќи дека земјата нема да може да ги врати средствата

Вкупно 11 јужноамерикански држави одлучија да апстинираат од гласањето за новата транша од помошта за Грција која ја предвиде ММФ, наведувајќи го како причина стравот дека Грција нема да ги врати парите.

Одбивањето на јужноамериканските држави да гласаат беше обелоденета од претставникот на Бразил во ММФ.

„Последните случувања во Грција ги потврдија нашите најголеми стравови. Имплементацијата на реформската програма во Грција е незадоволителна на речиси сите полиња, а прогнозите за растот и одржливоста се премногу оптимистички“, изјави Пауло Ногуера Батиста, извршен директор во ММФ, кој претставува уште десет земји од Централна и Јужна Америка и Карибите во извршното тело на Фондот.

Тој ја критикуваше одлуката на ММФ од почетокот на неделава да и додели на Грција нова транша од 1,7 милијарди евра, со што вкупната сума со која Фондот учествува во спасувањето на Грција достигна 28 милијарди евра. Батиста предупредува дека ММФ никогаш нема да ги добие назад овие пари, доколку Грција ја загуби поддршката од еврозоната.

Тој упатува на извештајот на ММФ објавен денеска, во кој се наведува дека доколку реформите во Грција не успеат, а европските влади ја повлечат

Christine Lagarde

Шефицата на ММФ, Кристин Лагард

поддршката, „Атина нема да може да му ги врати парите на ММФ“.

„Оваа изјава е само чекор пред отворено признавање дека Грција нема, или со задоцнувања ќе му ги врати средствата на Фондот“, вели Батиста.

Европските држави и САД кои имаат мнозинство гласови во бордот на ММФ ја изгласаа последната одлука за помошта и се' досега солидно ја поддржуваа Грција.

Иако досега искористи речиси 90 проценти од пакетот за спас вреден 240 милијарди евра, Грција е се уште исклучена од берзите и кредиторите ја избегнуваат.

И покрај тоа што драматично го намали буџетскиот дефицит од 2010. година наваму, според ММФ, Грција и натаму мора да го подобри собирањето на даноците и да ги намали трошоците за администрацијата. Според последните проценки кои треба да бидат објавени во следниот заеднички извештај на ЕУ и ММФ, Грција ќе треба да заштеди уште 4 милијарди евра за да ги оствари фискалните цели за 2016 година.