1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужна Осетија - губитник во конфликтот

Многу градови се уништени, а околу 30 илјади луѓе се во бегство. Воено, конфликтот во Јужна Осетија се чини е решен, но од него има само губитници, смета Инго Мантојфел во својот коментар.

default

Од Јужна Осетија избегаа илјадници луѓе

По три дена војна за контрола врз регионот Јужна Осетија, Грузија објави едностран прекин на огнот. Москва додуша тоа не го потврди, но уште сега е јасно дека сите загубија, па и Русија. Изгуби грузискиот претседател Михаил Сакашвили. Во сенката на Олимписките игри, тој сакаше со блиц - војна по 15 години повторно да ја врати контролата вра Јужна Осетија. Но, не успеа во тоа, напротив, доживеа тежок пораз, зашто не го одржа изборното ветување, дека ќе воспостави повторно територијален интегрит на Грузија. Тоа ќе им даде адут на неговите внатрешнополитички противници.

Сега двата отцепени региони, Јужна Осетија и Абхазија, се во рацете на руските трупи. Сепаратистичките режими се зацврстени. Повторно враќање на двата региони на Грузија преку преговори, изгледа малку веројатно во следниот период. Освен тоа, Саакашвили се покажа како воен хазардер, со што пак НАТО членство за Грузија е исто така одложено на долг рок.

Ненавремени реакции на САД и ЕУ

Изгубија и САД и европските држави. Во Вашингтон и Европа премногу доцна ја сватија сериозно воената авантура на Саакашвили.

Исто така, не е доволно да се испраќаат наивни повици за мир. Немаше ниту правовремена посредничка мисија, ниту вонреден самит. Кризата во Јужна Осетија ја покажа целосната разединетост на ЕУ во односот со источните соседи и Русија. На Брисел му недостига вистинска стратегија за овој регион.

Раст на недовербата кон Русија

Но, губитник е и Русија. Се покажа целосната слабост на тандемската демократија Медведев - Путин. Додека Медведев сеуште тешко се вклопува во улогата на руски главен заповедник, неговиот претходник Путин како премиер фактички ја презеде раководната улога во земјата.

Силната и непоколеблива руска воена реакција во јужноосетискиот конфликт на запад само ќе ги зголеми грижите поради Русија. Запад не ја оправдува аргументацијата на Москва дека се вмешала во конфликтот поради хуманитарни причини. Иако во Русија се сваќа поинаку, за запад Москва се покажа како агресивен и некооперативен партнер. Заладувањето на односите кон запад е програмирано. Додека НАТО членството на Грузија стана неизвесно, приемот на Украина во Алијансата стигна чекор напред. Ни малку добри вести за руското раководство.

На крај, да не ги заборавиме најголемите губитници на крвавиот викенд: жртвите на војната на двете страни, убиените луѓе, нивните блиски,бегалците и прежиеваните кои стојат пред урнатините на своите домови.