1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужна Кореја ѝ нуди дијалог на Северна Кореја

Сеул, обидувајќи се да ги надмине тензиите во односите со Северна Кореја, на соседот му понудил разговори околу воени прашања. Ако предлогот биде прифатен, можна е средба на претставници на двете земји уште оваа недела.

Понудено е разговорите да бидат водени в петок, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, а тие би се одржале во граничното место Памунјин. Целта е да се постигне прекин на сите „непријателски активности“ долж воената демаркациона линија меѓу двете земји, се вели од Сеул. Двете држави меѓусебно се одделени со четири километри широка тампон-зона. Сѐ уште се чека на одговор од Пјонгјанг. Не се соопштени детали што конкретно би се дискутирало, но се претпоставува дека Јужна Кореја меѓу другото ќе предложи прекин на гласната пропаганда на двете страни на границата, каде се инсталирани огромни разгласи.

Посебно по двете атомски проби и бројните ракетни тестови извршени од Северна Кореја, ситуацијата на поделениот Корејски Полуостров од почетокот на минатата година добива во тензичност.

Последниот пат, без оглед на меѓународните санкции и предупредавања Северна Кореја на 4. јули првпат тестираше интерконтинентална ракета. Сепак, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин изрази подготвеност за приближување кон меѓународно изолираното раководство во Пјонгјанг.

Доколку се одржи, предложената средба би била прва од таков вид од декември 2015. година наваму. Претседателот Мун инсистира на дијалог со северниот сосед, сакајќи да се избегне натамошна ескалација поради спорната севенокорејска атомска програма. Неговата претходничка на функцијата, поранешната претседателка Парк Геун Хае, одбиваше контакти со Пјонгјанг сѐ додека комунистичкото раководство на преземе уверливи чекори кон разоружување.

 

DW.COM