1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужна Кореја најави проширување на воздушната одбранбена зона

Конфликтот околу спорниот регион во Источнокинеското море се проширува. Сега и официјален Сeул најави проширување на воздушната одбранбена зона. Причина - подводната карпа Иеодо.

Сеул го следи Пекинг - откако Кина во ноември најави проширување на воздушната одбранбена зона над спорниот регион во Источнокинеското море, сега и Јужна Кореја презема исти мерки. Подрачјето на воздушна одбрана на Јужна Кореја во иднина треба да опфаќа и делови од зоната на воздушна одбрана која ја создаде Кина, соопшти Министерството за одбрана во Сеул.

Јужна Кореја не ја признава кинеската зона, поради тоа што таа опфаќа дел од нејзиниот појас на воздушно набљудување. Пред се‘, меѓутоа, спорна е подводната карпа Иеодо, која фактички е контролирана од Јужна Кореја, а која беше опфатена со проширената кинеска зона. Сега Сеул практично ја враќа карпата во својата зона.

Јужнокорејското Министерство за одбрана нагласи дека проширувањето на зоната за воздушна одбрана нема да го наруши суверенитетот на соседните земји.

„Веруваме дека тоа нема значајно да влијае врз нашите односи со Кина и Јапонија, имајќи предвид дека настојуваме да работиме на воспоставување мир и соработка во североистониот дел на Азија“, изјави претставникот на Министерството, Јанг Хјук.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека Сеул „се консултирал со САД“ пред да ја прошири својата воздушна одбранбена зона во спорното подрачје, додавајќи дека американските официјални претставници „ги почитуваат напорите на Јужна Кореја да ја спроведат оваа акција на одговорен начин, консултирајќи се претходно со САД и своите соседи, вклучувајќи ги Јапонија и Кина“.