1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јужна Кореја – киднапирање

*

Јужнокорејскиот претседател Рох Му Хиун побара итно ослободување на групата јужнокорејски граѓани во Авганистан. Во еден телевизиски говор, Хиун рече дека не смее да се случи загуба на животи во никој случај. Талибанците кои бараат повлекување на силите на Јужна Кореја од Авганистан, киднапираа група Јужнокорејци, меѓу кои има 15 жени, во провинцијата Гасни, јужно од Кабул. Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Сонг Мин Сун го отфрли ултиматумот на грабнувачите и изјави дека 200 војници на неговата земја кои се во Авганистан не можат да бидат повлечени преку ноќ.