1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јужна Кореја – киднапирање

*

Јужна Кореја ќе ги повлече своите трупи од Авганистан според планот, на крајот на годината, и покрај заканите дека ќе бидат убиени 18 граѓани на таа земја доколку нејзините сили не бидат повлечени веднаш од Авганистан. Талибанците ја киднапираа групата Јужнокорејци, меѓу кои има 15 жени, во провинцијата Гасни, јужно од Кабул. Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Сонг Мин Сун го отфрли ултиматумот на грабнувачите и изјавид ека 200 војници на неговата земја кои се во Авганистан не можат да бидат повлечени преку ноќ.