1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јужна Кореја и Северна Кореја на историски самит

*

Јужнокорејскиот претседател, Ро Мо Хиун пристигна во Северна Кореја на историски самит со претседателот на таа земја, Ким Јонг Ил. Тој е прв претседател на Јужна Кореја кој пеш ја минал тешко обезбедуваната граница меѓу двете Кореи. Ро беше поздравен од Ким со стисок на раката на еден плоштад во главниот град на Северна Кореја. на Тридневниот самит во Пјонгјанг е втор по подлебата на корејскиот полуостров во 1953 година. Непосрендо пред пристигнувањето на Ро, севернокорејскиот амбасадор во ОН, Пак Гил Јон, во Њујорк изјави дека неговата земја се надева оти ќе се случи натамошно приближување на двете Кореи. На самитот во Пјонгјанг ќе се разговара за мерки за изградба на доверба, за разоружување и за повторен почеток на преговори околу евентуален мировен договор.