1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужна Кореја го запира увозот на иранска нафта

Јужна Кореја соопшти денеска дека ќе го запре увозот на иранска сурова нафта, почнувајќи од први јули. Причина е забраната поставена од ЕУ на осигурувањето на танкерите кои превезуваат иранска сурова нафта.

Со тоа Јужна Кореја е првиот голем азиски потрошувач на иранска нафта кој ги запира набавките. Владата во Сеул ќе се обиде да ги минимизира ефектите врз домашната индустрија и економијата поради запирањето на увозот на иранската нафта.

„Увозот во Јужна Кореја на иранската нафта ќе биде прекинат, бидејќи и ЕУ ќе го запре увозот, а исто така и ќе го запре осигурувањето и реосигурувањето на увозот на суровата нафта од први јули“, стои во заедничката изјава на јужно-корејските министерства за економија, финансии и надворешни работи.

ЕУ вчера официјано стави ембарго на увозот на нафта од Иран, кое ќе стапи во сила на први јули, со цел да се изврши поголем притисок врз Техеран да ја ограничи нуклеарната програма. Европските влади го предупредија Иран и дека можно е да се стави дополнителен притисок, ако земјата продолжи да им пркоси на меѓународните барања за ограничување на својата нуклеарна програма.

ЕУ и САД го обвинуваат Иран за обиди за создавање нуклеарно оружје. Техеран одговара дека програмата е единствено за цивилни потреби.