1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јужна Азија погодена од тежок земјотрес

Тежок земјотрес утрово погоди делови на Јужна Азија, пред се северот на Пакистан и главниот град Исламабад како и регионот на Кашмир. Сеуште нема точен број за жртвите и повредените, официјално е потврдена смртта на 30 лица.

Пакистан

Пакистан

Две згради во центарот на пакистанскиот главен град Исламабад целосно се урнати од земјотресот, а спасувачките екипи бараат преживеани. Од северот на Пакистан се јавува и за други материјални штети. Во источно пакистанската метропола Лахорe исто така дојде до уривање и оштетување на објекти а се јавува и за голем број повредени. Планинскиот регион на северот на земјата беше погоден и со лизгаење на земјиштето. Портпарол на армијата изјави дека село во пакистанскиот дел на Кашмир целосно било уништено.

Спасувачките активности во планинскиот регион се отежнати поради блокираните и затрупани улици. Насегаде на улиците во Пакистан луѓето се во паника и страв. Дополнителните земјотреси и два часа по земјотресот внесуваат немир кај луѓето.

Потресот се почувствува и од другата страна на границата: во Авганистан и на северот на Индија, во Амритсар и главниот град Њу Делхи, но и во главниот град на Кашмир Шринагар.

Земјотресот според првите проценки на пакистанските власти е еден од најтешките земјотреси во историјата на земјата. Шефот на метеоролошкиот инстиут во Исламабад, Камар уз Заман го потврдува:

„Ова е најголемиот земјотрес во регионот во последните сто години. Измеривме дека силината на земјотресот е 7,5 степени според рихтеровата скала, локацијата на емицентарот е на околу 100 километри северно од Исламабад. Има извештаи за големи штети во регионот.“ изјавио Заман

Во спасувачките активности вклучена е и армијата. Од Равалпинди и Исламабад полетаа хилихоптери во правецот на Хималаите, а пакистанската влада формираше кризен штаб.

Регион околу јужниот крај на Хималаите веќе подолго време е сеизмички активен – експертите очекуваа голем земјотрес. Бидејќи епицентарот се наоѓа во близина на површината на земјата, земјотресот се почувствува на поголема територија, појаснуваат сеизмолозите. Големиот земјотрес траеше две минути.