1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужен Судан станува дел од светското семејство

Јужен Судан од денеска станува независна држава, отцепувајќи се од северниот дел на Судан, со кој беше во долгогодишен конфликт, а во кој загинаа речиси два милиони луѓе.

default

Независнот на Јужен Судан

Црковните камбани одекнаа уште на полноќ за да го сигнализираат почетокот на историскиот ден, на кој Африка се здоби со својата 54 држава. Судан вчера ја призна независноста на Република Јужен Судан, а меѓу двете земји треба да бидат решени клучните прашања, меѓу кои и статусот на оспоруваните гранични провинции и региони. Такви спорни територии се граничниот регион Абиеј и северносуданската сојузна држава Јужен Кордофан.

Südsudan Unabhängigkeitserklärung

Милиони жители на новата африканска земја ќе ја празнуваат независнота со паради, колективни молитви и свечености во главниот град Џуба. Центарот на празнувањето ќе биде мавзолејот Џон Гаранг, лидер на бунтовниците од Јужен Судан, кој беше убиен неколку месеци пред мировната спогодба од 2005 година, со која се стави крај на десетгодишниот конфликт меѓу северот и југот.

На свеченоста ќе присуствуваат повеќе странски лидери, меѓу кои 30 африкански, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и поранешниот американски државен секретар Колин Пауел. Суданскиот претседател Омар Башир исто така ќе учествува на свеченостите. Против него е издаден налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд во Хаг поради геноцид. Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе и неговиот британски колега Вилијам Хејг исто така ќе учествуваат на свеченоста, но како што претходно најавија, ќе се обидат да ја избегнат средбата со Башир.

Мировниот договор- пат кон независноста

Прогласувањето на независноста почна уште на полноќ со биење на црковните камбани,а кулминацијата церемонијата ќе ја достигне кога ќе биде издигнато

.

знамето на новата држава и кога јужносуданскиот претседател Салва Кир ќе го потпише новиот Устав.

Независноста на Јужен Судан веќе беше призната од претседателот на Германија Кристијан Вулф во писмо адресирано до Кир.

Мировната спогодба од 2005 година, потпишана до посредство на САД, Велика Британија и Норвешка, го отвори патот за одржување референдум за независност на Јужен Судан, што се случи во јануари и на него околу 99 проценти од граѓаните се изјаснија за отцепување од северниот дел на Судан. Картум вети дека ќе ги почитува резултатите од референдумот.

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска