1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јужен Судан нова држава во Африка

Јужен Судан е 54-та држава во Африка. Во главниот град Џуба претседателот Салва Кир даде заклетва, а илјадници граѓани ја прославуваа самостојноста. Германија вети поддршка за земјата.

default

Јужен Судан е 54 држава во Африка, која официјално прогласи независност. Декларацијата за независност ја прочита претседателот на парламентот Џејмс Вани Ига на свеченоста на која присуствуваа околу десет илјади граѓани и голем број странски државници, кои допатуваа во главниот град Џуба. Потоа старото суданско знаме беше заменето со новото знаме на Јужен Судан. Прогласувањето на независноста почна уште на полноќ со биење на црковните камбани.

Жителите на Јужен Судан на референдумот, кој се одржа во јануари годинава се изјаснија за отцепување. Мировната спогодба од 2005 година, потпишана со посредство на САД, Велика Британија и Норвешка, го отвори патот за одржување референдум за независност на Јужен Судан.

A

Претседателот на Судан Омар ал Башир во последен момент ја призна независноста на јужнот дел од досегешен Судан. Тој учествуваше и на свеченоста во Џуба, и покрај тоа што се бара од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства извршени во Дарфур.

Поддршка од Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел по поделбата на Судан вети германска помош во изградбата на стабилни структури. Германската влада се залага на северот и на југот на Судан да се создадат две стабилни држави, нагласи Меркел во неделната видео порака. Кон честитките се приклучија и американскиот претседател Барак Обама и шефот на француската република Никола Саркози, како и бројни други светски државници. Во Африка се случуваат големи промени, подвлече канцеларката, која од понеделник (11.07.11) ќе биде во повеќедневна посета на континетот. Во рамките на турнејата предвидена е посета на Кенија, Ангола и Нигерија.

Европската унија и нејзините земји членки и САД во меѓувреме го признаа Јужен Судан.

Автор: АТ/ дв/ миа/ макфакс

Редактор: Борис Георгиевски