1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Југоносталгијата е се‘ уште жива

Пред 70 години, среде виорот на војната, удрени се темелите на СФРЈ. Под раководство на Тито, таа беше сериозен играч на светската сцена. По половина век земјата се распадна. Носталгијата по нејзе сепак се‘ уште е жива.

Музика, култура - тоа се работите кои и денес кај младите луѓе од поранешна Југославија будат носталгија. Веќе пет години југо-заедницата прави балкански рок-забави во Келн.

„Не можам да опишам колку е убаво што има луѓе од сите нации - Хрват, Србин, Босанец, Словенец, Македонец. Навистина морам да кажам дека тоа е прекрасно. Добро е што веќе нема омраза, барем вечерва“, вели младата Адмира Пашагиќ.

Организаторот на „Балканска рок-забава Келн“, Мидхат Мујановиќ, објаснува:

„Има луѓе од различни вери, различни етникуми, но луѓето се чувствуваат поврзани со тоа време. Не беше се‘ добро, но јас лично имав многу среќно детство во тоа време.“

Symbolbild Jugoslawien Zerfall

Денес се јавува носталгија по старите југословенски времиња, дури и кај младите мигранти од поранешна Југославија кои живеат во Германија

Ваков југоносталгичен став кон социјалистичката екс-Југославија може да се разбере, вели Ридигер Росиг, балканолог и добар познавач на Југославија:

„На комунистите навистина мора да им се признае за неверојатно брзата и ефективна модернизација на земјата. Тоа важи и за индустријализацијата, како и за сферата која јас особено добро ја познавам - поп-културата. Значи, неверојатната продукција на музика, на уметност, од џез-музика до стрипови.“

Некому, како на сопственикот на киоск Харис Панџа, југоносталгијата му е буквално под кожа.

„Не само што ја носам во срцето, туку и на кожата. Овде, заедно со моето родно Сараево. Тоа е црвената точка“, вели тој покажувајќи на својата тетоважа и продолжува:

„Тагуваме по тоа време, луѓето посакуваат тоа да се врати. Тоа се забележува кога овде ќе сретнеш некого кој доаѓа од Југославија. Прво се раскажува целата историја, си ја раскажуваме меѓусебно сопствената приказна, а потоа следува прашањето: ’Каде беше за време на војната? Што правеше таму?’ Едноставно се обидуваме, така да се каже, да го обработиме оној дел што сме го загубиле, да си го вратиме и да ги обработиме работите кои ни се заеднички.“

NO FLASH AVNOJ

На заседанието на АВНОЈ, ноќта меѓу 29 и 30 ноември, се удрени темелите на Титова Југославија

Триесетгодишниот Харис Панџа од Диселдорф дошол во Германија во средината од 1990-тите години. Не се вратил во родното Сараево затоа што неговата татковина веќе ја нема на картите, татковината за која тој има само добри спомени.

Тоа се сеќавања од едно време во кое партизанскиот водач Јосип Броз Тито под паролата „Братство и единство“ ја обедини повеќенационалната држава во текот на Втората светска војна. Тој вешто ја водеше неврзаната земја балансирајќи меѓу Западот и Истокот. Но пропагандните слики даваат лажен впечаток. Во неговото време ригорозно беа затворани сите кои мислеа поинаку.

Ридигер Росиг оценува:

„Се разбира, Тито беше диктатор. Беше убеден приврзаник на еден диктаторски политички режим и на една диктаторска иделогија, имено марксизам-ленинизам. Тито болно се раздели од Сталин. За Комунистичката партија беше тежок и болен процесот на нејзината далекусежна либерализација, која, во краен биланс, доведе до распад на земјата. На крајот, последиците не беа само позитивни.“

Josip Broz Tito

Јосип Броз Тито балансираше меѓу Западот и Истокот

Смртта на Тито во 1980 година истовремено беше и почеток на крајот на Југославија. Во 90-тите години земјата се распадна во омраза и крвави војни.

Харис Панџа морал да бега, како и многумина други. Со тага се сеќава на поранешната татковина. За Југославија ќе и‘ раскажува на својата ќерка Марија.

„Тоа е земјата од која потекнува тато. Мислам дека нема да биде многу повеќе од тоа“, вели Панџа.

На Марија татко и’ ќе и’ раскажува за добрите работи во Југославија, но таа сигурно ќе биде среќна што расне во слободно и демократско европско опкружување.