1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Југоисточна Европа - Дубровник

*

Учесниците на Кроација-самитот 2007-ма во Дубровник се согласија дека југоистокот на Европа економски и политички напредува, но дека се потребни дополнителни напори / за тоа подрачје од „корисник на безбедноста“ да стане нејзин „извозник“. Завршниот дел на дводневниот собир беше посветен на расправата за безбедноста и стопанскиот развој на регионот, за што, покрај политичките претставници, излагања имаа и бизнисмени од југоисточна Европа.

Највисоките преставници од регионот, како и од САД и НАТО, се согласија дека иднината на овој дел на Европа е во трансатлантските интеграции, односно членство во ЕУ и НАТО.