1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јубилејни 50 години од германско-француското помирување

Шарл де Гол и Конрад Аденауер на 8. јули пред 50 години ги поставија темелите на германско-француската соработка. Канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франсоа Оланд во Ремс потсетија на овој историски чин.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во Ремс ги започнаа свеченостите по повод 50-годишнината од германско-француското помирување. Двајцата политичари денеска (08.07) присуствуваа на богослужбата во францускиот град Ремс. Ангела Меркел и Франсоа Оланд притоа го нагласија значењето на меѓусебното пријателство, особено во време на кризи, како актуелната должничка криза во Европа.

Историски моменти

Adenauer und De Gaulle 1962 in der Kathedrale von Reims

Аденауер и Де Гол во катедралата во Ремс во 1962 година

Во катедралата во Ремс имено, на 8 јули 1962 година, поранешниот француски претседател Шарл де Гол и поранешниот германски сојузен канцелар Конрад Аденауер заеднички присуствуваа на „мисата на помирување“ по страдањата од две светски војни. За историската средба Де Гол не случајно го одбра овој град. Ремс во 1870 година за време на германско- француската војна беше запоседнат од Прусите. Во Првата светска војна 60 процени од градот беше уништен како последица од германските бомбардирања. Во Втората светска војна Ремс повторно беше запоседнат од Германците, во периодот од јуни 1940 до август 1944 година. Во февруари 1945 година врховниот командант на сојузничките трупи, американскиот генерал Ајзенхауер, во училиштето во Ремс го постави своето главно седиште. Во Ремс ноќта кон 7. мај германскиот генерал Алфред Јодл потпиша безусловна капитулација на Третиот рајх.

Неколку месеци подоцна, по мисата во Ремс во1962-ра, татковците на германско-француското пријателство го запечатија помирувањето во Елисејската палата со договор меѓу двете земји.

Германско-француска година

Почетокот на прославата на 50-годишниот јубилеј ќе го означи и изложбата „Конрад Аденауер и Шарл де Гол. Од германско-француско помирување до партнерство“.

Прославата е засенета поради сквернавење на гробишта на германски војници. Според министерството за внатрешни работи во Париз околу 40 дрвени крстови биле расфрлени наоколу  или откорнати. Некои од нив биле користени за оган. Засега нема трага од сторителите.

Со сеќавањето на средбата на Аденауер и Де Гол почнува германско- француската година, која официјално ќе биде отворена на 22. септември во Лудвигсбург. Ќе биде одбележана и годишнината од потпишување на Елисејскиот договор, на 22 јануари 2013.