1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јошка Фишер неубедлив

Ова е заклучокот на поголемиот дел од коментаторите во германските дневни весници кои пишуваат за вчерашниот настап на германскиот министер за надворешни работи пред Истражната Комисија на Бундестагот , околу т.н визна афера.

Фишер пред Истражната комисија на Бундестагот

Фишер пред Истражната комисија на Бундестагот

Весникот Ханделсблат пишува :

„Настапот на Фишер кој го пренесуваат телевизиските станици не преставуваше ѕвезден момент. Телевизијата , тоа е вистина, на професионалците и на добрите говорници , каков што е Фишер им нуди посебна шанса. Министерот за надворешни работи благодарејќи на својата говорничка способност го искористи тоа. Но таквиот медиум не ги простува грешките. Така гледачите покрај духовитиот запамтија и еден нервозен Фишер , кој долго се мачеше , за да пронајде одговор на провокативното прашање дали едно министерство може да биде водено на начин кој тој го практикува“- пишува весникот Ханделсблат.

Коментаторот на Ди Велт на истата тема меѓу другото истакнува:

„Фишер се обиде да примени диалектички трик според принципот: формално гледано јас го сторив тоа , но не настана никаква штета , поради која би требало да бидам цел на напади. Но овој трик , пред истражната Комисија повеќе не функционира. Фишер премногу често мораше да ја исправува состојбата со фактите и честопати не можеше да се сети на важни работи. Како на пример: Каде и Како бил информиран за неправилностите? Или пак како се отстранети предупредувањата од министерот за внатрешни работи ?. Тоа тој не знаеше да го каже. Но Фишер истотака заборави дека остава впечаток на министер кој нема контрола над својот ресор.“-констатира Ди Велт.

Со истата дема се занимава и Келнер Штат Анцајгер

„ Јошка Фишер себеси си ја поедноставува ситуацијата кога вели дека своевремено бил уверен дека во Киев во одделот за издавање визи постои проблем со персоналот . Во министерството за надворешни работи мора да постои реален приказ на ситуацијата. Фишер значи не потфрлил како политичар , туку како министер. Неговото преземање на одговорноста нема да има никакви последици иако тоа ќе и нанесе штета на политичката култура во земјата. На чело на едно министерство не можат да се собираат и одземаат грешките и успесите и не е доволно само да се отстранат грешките . Доколку Фишер сериозно ја свати својата министерска одговорност , тогаш би морало да поднесе оставка“ –препорачува коментаторот во Келнер Штат Анцајгер.

Веникот Мителбаерише Цајтунг кој излегува во Регенсбург пак пишува :

„Веќе според тоа каква беше сцената , Јошка Фишер покажуваше дека му е здодевно , дека е во право , па потоа намуртеност , беше и зборлив , амокритичен или пак саркастичен. Сослушувањето на министерот за надворешни работи , од страна на Истражната Комисија , околу аферата со премногу лесното издавање визи во Источна Европа , беше забавно барем во некои фази. Но тоа со ништо не придонесе во расветлувањето на скандалот “ –дециден е коментаторот на Мителбаерише Цајтунг.